Периодот за реализација на државната програма е од 2013 до 2020 година. „Документот е насочен кон создавање благопријатна претприемачка клима и услови за водење бизнис, зголемување на иновациската активност на бизнисот, а исто така и обезбедување на раст на ефективноста на државното управување“, се забележува во документот кој се наоѓа на интернет-страницата на владата.
Државната програма е создадена од Министерството за економија и развој, и вклучува девет потпрограми. Тие се насочени кон создавање на благопријатна инвестициска средина, развој на малиот и средниот бизнис, создавање на благопријатни услови за развој на пазарот на недвижност, усовршување на државното и локалното управување и стимулирање на иновациите.
Државната програма повикува да се зголеми ефективноста на работата на природните монополи и нивните регулирани организации, усовршување на системот на државно стратешко управување, создавање на кадри за иновациска економија и создавање на официјална статистика.
Во владата сметаат дека реализацијата на активностите предвидени со програмата ќе дозволи да се обезбеди премин кон иновативен пат на развој на руската економија и создавање стимули за зголемување на инвестициската активност, како и раст на продуктивноста на трудот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче