САД ја повика Русија и Кина да го искористат своето влијание за да ја „вразумат“ Северна Кореја

САД ја повикуваат Русија и Кина да земат поактивно учество во „контролирањето“ на однесувањето на Северна Кореја, изјави на прес-конференцијата официјалниот претставник на Белата Куќа, Џеј Карни.

САД ја повикуваат Русија и Кина да земат поактивно учество во „контролирањето“ на однесувањето на Северна Кореја, изјави на прес-конференцијата официјалниот претставник на Белата Куќа, Џеј Карни.

„Не е тајна дека Кина има големо влијание врз Северна Кореја“, изјави Карни. „Ние веќе ја повикавме, и повторно ја повикуваме Кина да се обиде да влијае врз Северна Кореја. Исто така, ја повикуваме и Русија да го направи истото“.

Властите на Северна Кореја минатата сабота изјавија дека односите меѓу двете корејски земји се во „состојба на војна“, и Пјонгјанг ќе дејствува според законите на „воената состојба“ во случај да има „непријателски провокации“, кои можат да прераснат во вооружен судир, или дури и нуклеарна војна. Во вторникот Пјонгјанг објави дека ќе ја возобнови работата на исклучениот реактор во нуклеарниот центар во Јонбене. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња