Што ќе претстави Русија изложбата за воена техника во Малезија?

Русија се подготвува да покаже во Малезија цела гама оружје - од авиони до воени бродови.

Русија се подготвува да прикаже во Малезија цела гама вооружување - од авиони до воени бродови.

Меѓу изложените парчиња воена техника се наоѓаат: високоманеварскиот ловец Су-35, авионот за тренирање Јак-130, хеликоптерот Ми-28НЕ, транспортно-воениот хеликоптер Ми-35М, хеликоптерот Ка-52, тешкиот транспортен хеликоптер Ми-26Т, фрегатата „Гепард-3.9“, патролниот брод „Мираж“, како и други парчиња од современата воена техника.

Поради силните врнежи од снег, Русија не можеше да ја префрли сета воена техника на изложбата во Малезија на време.

Освен наброените парчиња оружје, „Рособоронекспорт“ донесе во Малезија средства за против-воздушна и противракетна заштита „Антеј-2500“, „Игла-С“, „Топ-М2Е“, како и возудшни ракетни комплекси „Бук-М2Е“ и воздушен ракетен топовски комплекс „Панцир-С1“.

Позициите на Русија на овој дел од светот на воениот пазар се традиционално силни. Посебен интерес потенцијалните нарачатели посветуваат на „Панцир-С1“, како и на „Бук-М2Е“, што е условено од резултатите и искуството од неодамнешните конфликти во Северна Африка и на Блискиот Исток. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња