Победник на Facebook Hacker Cup по трет пат стана Русин

Хакерскиот натпревар Facebook Hacker Cup по трет пат добија победник од Русија.

Хакерскиот натпревар Facebook Hacker Cup по трет пат добија победник од Русија. Според резултатите од конкурсот за 2013 година, победник стана Петар Митричев, кој веќе победи на истиот натпревар во 2011 година.

Натпреварите Facebook Hacker Cup се одржуваат по трет пат, и по трет пат победник е претставник од Русија. Во 2012 година победник стана рускиот програмер Роман Андреев. Конкурсот се одржува во калифорнискиот град Менло-Парк. Во финалето на Facebook Hacker Cup се натпреваруваа 26 учесници од различни држави во светот, кои во рок од два часа треба да решат програмерски задачи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња