Пролетта не се брза да дојде во Москва. Во главниот град веќе има големи врнежи од снег, а температурата е спуштена до ниво кое никој не ја очекува, ниту е фиксирана во историјата на метеорологијата.
Снегот започна да врне на 22 март, а продолжува и денеска. Ноќните температури се движат од минус 17-18 степени, додека вечерта на 24-ти изнесуваа минус 20 степени.
„Ние веќе знаеме дека оваа зима имаме апсолутно аномална временска појава за целата историја откако се прават мерењата. Денеска падна 2.9 метра снег, а се очекува уште снег до крајот и на почетокот на следната недела“, забележа заменикот на градоначалникот Бирјуков.
„Целиот градски систем за борба со ваквото време е подготвен. Во моментов на улиците работат 13.500 единици техника. Во следниве денови од другите комунални служби ќе повлечеме уште поголем број техника, со што ќе имаме 15.000 парчиња техника на улиците“, додаде заменикот на градоначалникот.
Тој додаде дека на улиците во главниот град веќе работат 35-40.000 луѓе за расчистување на натрупаниот снег од местата каде не може да работи техниката.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче