Почина Борис Березовски

Во Лондон во 67-та година од животот почина рускиот олигарх Борис Березовски.

Во Лондон во 67-та година од животот почина рускиот олигарх Борис Березовски. Ова го соопшти неговиот зет Егор Шупе на својата страница на Фејсбук. Според неговите зборови, во последните месеци олигархот страдал од депресија. Тој малку комуницирал со неговите роднини и пријатели.

Точните причини за смртта се непознати. Според адвокатот на Березовски, Александар Добробински, му се јавиле од Лондон и му соопштиле за самоубиство на олигархот. Исто така можно е Березовски да починал од инфаркт.

Од 2003-та година Березовски живееше во Лондон, каде доби статус на политички бегалец. Во Русија тој беше обвинет за измама, перење пари и обид за насилно доаѓање на власт. Според различни извори, во последниве години тој имал сериозни финансиски проблеми. Тој имал доста неуспеси во бизнисот и изгубил судска парница против Роман Абрамович. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.