На 22 март во Москва ќе допатува во официјална посета претседателот на Кина, Си Цинпин. Русија е првата држава која ќе ја посети кинескиот лидер после неговиот избор на годишниот состанок на кинеските пратеници.
Во услови на заострени односи со САД и многу други соседи, на Пекинг му е крајно важно да ги зацврсти пријателските односи со Москва. Освен тоа, економската основа за ова пријателство како никогаш порано има потреба од зацврстување.
Впрочем, времето на посетата е избрано во вистински момент. Според последните изјави на американските чиновници, новата политика на САД во Азија ќе се спроведува со забрзано темпо. Во таквата ситуација, на Кина ѝ се потребни цврсти сојузници - или барем непроблематични соседи. Во овој момент Кина од сите страни е опкружена со „проблематични“ држави. Со некои од нив има и територијални конфликти (Индија, Јапонија, Виетнам, Филипините). Со некои расте трговијата, но нема доволно добри политички контакти (Јужна Кореја, Монголија, Киргистан, Таџикистан, Казахстан). Некои држави околу Кина, пак не се доволно стабилни (Пакистан и Северна Кореја). Така што, улогата на сојузник може слободно да ја преземе Русија.
Според податоците на Царинската служба на Кина, во 2012 година трговската размена меѓу Русија и Кина се зголемила за 11,2%, достигнувајќи неверојатни 88,16 милијарди долари. Притоа, темпото на раст на трговијата (42,7% во 2011 година) падна за четири пати. Притоа, лидерите на Русија и Кина официјално ставија за цел до 2015 година да се зголеми трговската размена меѓу државите до 100 милијарди долари, а до 2020 - до 200 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче