Руската Федерација може да ѝ даде на Белорусија кредит од 2 милијарди долари

Нов кредит за Белорусија.

Во Русија се разговара за можноста за давање на Белорусија кредит во сума од 2 милијарди долари, но ако Белорусија приватизира државен имот од 2,5 милијарди долари, од истиот можеби и ќе нема потреба, изјави на новинарите шефот на Министерството за финансии на Русија, Антон Силуанов. Белорусија може да позајми од Русија 5 милијарди долари. На барањето да се прокоментира таквата  изјава, Силуанов изјави: „Нашите раководители го разгледуваат тоа прашање“. Руската страна ќе биде подготвена позитивно да одговори на барањето на Белорусија, доколку процесот на приватизација не се изврши наскоро и во земјата се појави потреба од кредит. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња