Дуетот Боброва и Соловјов се трети на светското првенство по уметничко лизгање

Успеси на Русите во канадски Лондон на светското првенство.

Рускиот пар Екатерина Боброва и Дмитриј Соловјов се најдоа на третото место после исполнувањето на краткиот танц на светското првенство по уметничко лизгање, кое се одржува во канадскиот град Лондон.

Борбова и Соловјов добија од судиите 70,05 поени, што е најдобар резултат за рускиот дует годинава.

После програмата за кратки танци, на првото место се наоѓа американскиот пар Мерил Дејвис и Чарли Вајт, кои добија 77,12 поени. Уште еден руски дует - Елена Илјиних и Никита Кацалапов се деветти (66,07), а Екатерина Рјазанова и Илја Ткаченко се 13-ти (59,52). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња