„АвтоВАЗ“ планира да започне со производство на нова генерација на џипот „Лада 4х4“ во 2016 година. Ова го соопшти претседателот на „АвтоВАЗ“, Игор Комаров на свеченоста по повод производството на 2.000.000-от примерок на џипот „Лада 4х4“. „Ние имаме обврска да вдахнеме нов живот во генерацијата на џиповите од оваа фабрика. Секако, ние ќе ги земеме предвид сите квалитети на легендарната „Нива“ и во новата генерација „Лада 4х4“, нагласи Комаров.
Двомилионитиот примерок на „Лада 4х4“ излезе од конвеерот на 12 март во „АвтоВАЗ“ со аплауз од присутните. Јубилејниот автомобил е до три врати, металик-сребрена боја. Дури 80% од целиот извоз на „АвтоВАЗ“ во Европа припаѓа имено на овој модел.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче