Москва е против меѓународниот договор за трговија со оружје

Москва смета дека нацртот на меѓународниот договор за трговија со оружје е лошо подготвен.

Москва смета дека нацртот на меѓународниот договор за трговија со оружје е лошо подготвен и предлага да се доработи, соопштува МНР на Русија пред претстојната конференција по ова прашање која ќе се одржи во ООН од 18 до 28 март.

Покрај останатото, Москва е сигурна дека во текстот на идниот договор ќе мора да влезат мерките за спречување на можноста оружјето да дојде до сивиот пазар.

„Сметаме дека е важно да се нагласи дека со испорака на оружје можат да се занимаваат само овластени државни структури. Во спротивност, постои можност оружјето да дојде во рацете на терористите и злосторниците“, се изјавува во МНР на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња