Грушко: на дневен ред на советот Русија-НАТО има важни прашања

„Москва е заинтересирана за изградба на прагматични и предвидливи односи со НАТО и реагирање во случај на заедничка опасност“, смета претставникот на Русија во НАТО, Александар Грушко.

„Програмата во рамките на Советот Русија-НАТО во 2013 година е доста богата. Предвидени се не само советувања на ниво на шефови на дипломатии и началници на генералштабови на земјите-членки, туку и одржување конференции за воената безбедност во Москва. И покрај шпекулациите дека Советот Русија-НАТО веќе одамна е надминат, соработката меѓу Москва и НАТО е релативно активна“, изјави Александар Грушко.

Меѓу приоритетните сфери на соработка е помошта во осигурувањето на транзитот за трупите на Меѓународната коалиција во Авганистан. Таканаречениот Северен транзит, кој ќе се извршува преку базата во рускиот град Улјановск, веќе станува основна маршрута за префрлување и транспорт на товарот.

„Освен за транзит, Русија и НАТО соработуваат и во т.н. хеликоптерски проект - испорака на Ми-17 за авганистанската армија и обука на техничари за нив, како и во сферата на борбата против тероризмот и трговијата со наркотици во регионот. Потенцијалот за соработка во други проекти постои, но резултатот ќе зависи од карактерот на мисијата на силите на НАТО во Авганистан после 2014 година“, изјави Александар Грушко.

Москва е заинтересирана за прагматичен развој на соработката со НАТО по цел спектар прашања. Сепак, тоа дека денеска Алијансата не е подготвена за рамноправна соработка е пречка за решавање на многу проблеми, меѓу другото, и за поставување на системот за противракетна одбрана во Европа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња