Федералната агенција за патишта планира во 2013 година да направи капитална обнова на федералните автопати во Русија. Планирано е да се асфалтираат околу 9.000 километри. Со тоа за еден и пол пат ќе се зголеми бројот на асфалтирани патишта, за разлика од минатата година. Овие податоци ги пренесе на новинарите раководителот на Росавтодор, Роман Старовојт.
Исто така, шефот на Росавтодор забележа дека во 2013 година ќе се изградат 17 мостови, ќе се изградат36,3 километри пешачки патеки, планиран е ремонт и изградба на неколку тунели др.
Во 2012 година бројот на несреќи на федералните патишта во Русија е намален за 9,1% во споредба со 2011 година. Бројот на загинати од 2011 година е намален за 3,4%, а на повредени - за 7%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче