Виетнам ќе продолжи да купува оружје од Русија

Виетнам ќе продолжи да купува оружје од Русија, изјави за новинарите министерот за одбрана на Виетнам, Фунг Куанг Тхан.

Виетнам ќе продолжи да купува оружје од Русија, изјави за новинарите министерот за одбрана на Виетнам, Фунг Куанг Тхан, веднаш после преговорите со шефот на руското министерство за одбрана, Сергеј Шојгу.

„Ние разговаравме за прашања поврзани со обуката на виетнамските воени лица во универзитетите во Русија, како и за теми од воено-техничката соработка. Виетнам ќе ја продолжи активната соработка со Русија во оваа сфера и ќе продолжи во иднина да купува оружје и воена техника од Руската Федерација“, изјави министерот.

Министерот забележа дека партијата, државата, народот, раководството на виетнамската армија засекогаш ќе ја паметат огромната помош која ја доби Виетнам од СССР и Русија во тешките години кои ги помина земјата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња