Роснефт доби дозвола за работа во Мексиканскиот залив

Роснефт ќе вади нафта под прагот на САД.

Руската нафтена компанија „Роснефт“ купи од американската компанија Ексон Мобајл 30% од учеството во геолошките истражувања во Мексиканскиот залив. Овој договор е потпишан од шефовите на двете компании во САД. На овој начин, еден од најбогатите басени со нафта во светот ќе стане достапен за „Роснефт“ и за неговите „ќерки“ компании. „Сигурни сме дека искуството кое тамо ќе го добиеме ќе ни помогне во длабоководните нафтени наоѓалишта на рускиот континентален праг“, изјави претседателот на „Роснефт“, Игор Сечин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња