Русија ќе ѝ помогне на Јужноафриканската Република во развојот на нуклеарната енергетика

Русија со нови проекти во ЈАР од нуклеарната сфера.

Русија би можела да допринесе во развојот на нуклеарната енергетика во Јужноафриканската Република, изјави шефот на државната компанија Росатом, Сергеј Кириенко. Тој нагласи дека ЈАР планира изградба на нуклеарна централа со моќност од 9,6 ГВт, односно 8 блокови. Тој смета дека заедничката работа може да се однесува не само на изградбата на нуклеарната централа, туку и нуклеарна медицина, производство на изотопи и подготовка на кадри. Кириенко потсети дека Русија веќе соработува со ЈАР во нуклеарната област, испорачувајќи во оваа земја материјали за веќе постоечките централи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња