„Случка на 2012 година“ - вака експертите го нарекоа Третиот меѓународен фестивал посветен на Мстислав Ростропович во Москва. Ова го кажаа за време на презентацијата на следниот, четврт фестивал, кој ќе биде отворен за два месеца.
За време на доделувањето на дипломата на уметничкиот раководител на форумот, Олга Ростропович, ќерка на големиот музичар, критичарот Андреј Устинов подвлече дека е високо нивото со кое се изведени делата на самиот фестивал.
Секој музичар и диригент, очигледно се трудел да работи во духот кој го диктираше Ростропович. Секогаш големиот напор дава големи резултати. И оваа искра која се појавува, вибрација која го води изведувачот, не се случува на секој концерт. А овде баш беше во прашање тонот на истакнатите изведувачи. Тоа е практично суперфестивал на светските оркестри.
Претстојниот, четврт фестивал, може со сигурно да се каже дека ќе го задржи нивото кое беше прикажано сега. Тој ќе биде посветен на сопругата на Мстислав Ростропович, легендарната руска пејачка Галина Вишњевска, која неодамна почина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче