Хидник спомна дека е можно да се врати во „Челзи“

Главниот тренер на „Анжи“, Гус Хидник, изјави дека би размислил за одење, доколку добие покана од „Челзи“.

Главниот тренер на „Анжи“, Гус Хидник, изјави дека би размислил за одење, доколку добие покана од „Челзи“. Откако Рафаел Бенитес рее дека после завршувањето на сезоната ќе го напушти лондонскиот клуб, разговорите за тоа кој ќе биде следен во него станаа актуелни.

„Јас уште го паметам со радост времето кое го поминав во „Челзи“. Јас успеав да работам таму само половина година, и за тоа време изгубивме само од „Тотенхем“, а во останатите 27 или 30 натпревари извојувавме успех. Но најголемото задоволство го имав од комуникацијата со фудбалерите - ние имавме прекрасни односи“, изјави 66-годишниот холанѓанец. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.