Армен Назарјан вети дека ќе пие само сируп до започнувањето на шампионатот на Европа, кој треба да започне во Тбилиси на 22 март. Веста за решението на спортистот ја објави Руската федерација по борење. Кон штрајкот со глад ќе се приклучи и главниот тренер на екипата на Бугарија по слободно борење.
„Се надевам дека мојот протест до глас ќе го натера Меѓународниот Олимписки комитет повторно да го разгледа своето решение“, изјави шампионот.
Комитетот препорача да се исклучи борењето од програмата на Олимпијадата во 2020 година. Финалното решение за присуството на овој вид спорт во програмата ќе биде донесен во септември оваа година во Буенос Аирес.
Натпреварувањата по борење се одржале досега на сите олимпијади, освен на една - во 1900 година во Париз.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче