Русија сериозно е загрижена од плановите на САД во сферата на противракетната одбрана, изјави секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев, на средбата во Москва со раководителот на Бирото за национална безбедност на Полска, Станислав Козеј.
„Се надевам дека нашите полски партнери ќе помогнат во врска со правните гаранции дека противракетниот систем во Европа нема да биде поставен на штета на Русија“, изјави Патрушев.
„Дијалогот треба да продолжи и да ѝ се предочи на секоја страна за загриженоста на партнерите“, изјави секретарот на Советот за безбедност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче