Главната команда на Воено-морската флота на Русија нареди да се зодаде нов брод, кој во иднина ќе се користи за борба со бесшумни неатомски подморници, сличен како, на пример, германскиот број од проектот 212/214. Според решението на главниот командант на Морнарицата, Виктор Чирков, новиот брод треба да биде готов на почетокот на 2017 година. Новиот брод ќе ја има основата на незавршената фрегата „Туман“ (проект од 90-те).
Се очекува дека новиот брод ќе влезе во составот на Балтичката флота. Во Балтикот длабочината е релативно мала, па затоа државите се решаваат да користат неатомски подморници, пред сѐ, од германско производство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче