Бугарската влада не може да ја задржи власта без руската нуклеарна централа

Владата на Бугарија си поднесе оставка поради масовните протести во врска со зголемените цени за струја и греење.

Владата на Бугарија си поднесе оставка поради масовните протести во врска со зголемените цени за струја и греење. Руските експерти сметаат дека владината криза во Бугарија се појави уште во пролетта минатата година, кога премиерот Бојко сакаше да ја замрзне изградбата на нуклеарната централа „Белене“ поради несогласувања со руската страна околу цената на проектот.

Кон крајот на јануари, по иницијатива на опозицијата во Бугарија се изврши референдум за иднината на нуклеарната енергија. Според резултатите, беше прифатено решение да не се продолжува изградбата на „Белене“, која ја гради руската компанија „Атомстројекспорт“.

Шефот на катедрата за светска економија и политика на Високата школа за економија, Максим Братерски, смета дека наглиот раст на цените не електричната енергија во Бугарија се случил поради тоа што бугарите се принудени да го елиминираат енергетскиот дефицит, купувајќи електрична енергија од своите соседи.

Во 2015 година во Бугарија ќе биде изградена гранка од гасоводот „Јужен тек“, кога и се планира да протече рускиот гас низ оваа држава. До тогаш, експертот е уверен дека кардинални промени кон подобро на енергетскиот пазар во Бугарија – нема да има. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња