Штета од вселената

Штетата во Челјабинската област изнесува околу 25 милиони евра.

Штетата од падот на метеорот во Челјабинската област изнесува околу 1 милијарда рубљи (околу 25 милиони евра). Ова го изјави губернаторот на областа, Михаил Јурјевич при посетата на објектите кои претрпеле штеета.

Според зборовите на губернаторот, во Челјабинск површината на стакло кое е скршено и треба да се замени изнесува 100.000 квадратни метри, додека во областа - двојно повеќе. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.