Шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров, во текот на посетата во Јужноафриканската Република, разговараше со раководството на државата за подготовката за самитот на БРИКС, кој ќе се одржи на 26-26 март во градот Дурбан во ЈАР. На тој форум, лидерите на Русија, ЈАР, Кина, Индија и Бразил ќе ја разгледаат можноста за создавање на банка, постојан бизнис-совет и „виртуелен секретаријат“ на организацијата - интернет-портал, во чиј скриен простор ќе можат министрите на петте земји да водат доверливи разговори.
Претседателот на Националниот комитет за истражување на БРИКС, Вјачеслав Никонов, смета дека БРИКС - „е мрежа на земји кои се чувствуваат недоволно застапени во глобалните економски и политички структури“. Освен ова, Никонов смета дека во последно време влијанието на оваа група земји на меѓународната арена постојано расте. Според него, посебно треба да се забележи дека позицијата на БРИКС денеска „во голема мера ги определува решенијата на Г-20“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче