Министерството за земјоделство на Русија го смета за возможен увозот на житарици за државните резерви, соопшти за „Росијскаја газета“ министерот за земјоделство, Николај Фјодоров.
Интервентниот прехранбен фонд е создаден во 2001 година, и во овие 12 години постоење ниту еднаш не се пополнувал од увозни продукти, изјави генералниот директор на ИКАР, Дмитриј Рилко. Фондот е создаден како мерка за поддршка на руските произведувачи: во период на намалување на цените, државата купувала житарици за да ја одржи цената, а кога цените се зголемувале - житариците од фондот се продаваат за да се намали цената.
Во последниве 2-3 сезони во Русија се случија доста временски непогоди, што придонесе бербата драстично да се намали. Летото во 2010 се случи невидена суша, и за целата сезона биле собрани само 61 милион тон житарици, наспроти 97-те милиони во 2009-та година. Последнава сезона (1 јули 2012 - 30 јуни 2013) е средна според количините - 71 милион тон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче