По домашната победа во Скопје (30:28), ракометарките на „Вардар СЦБТ“ загубија на реваншот во Краснодар од екипата на „Кубан“ со 22:17 (10:8). И покрај добрата игра и рамнотежата што ја одржуваа ракометарките на Вардар во поголемиот дел од натпреварот, мечот беше решен во последните 10 минути, кога русинките постигнаа пет погодоци, а „Вардар“ остана на своите 17 голови.
Со овој пораз ракометарките на „Вардар СЦБТ“ не успеаја да се пласираат во 1/4 финалето од купот на ЕХФ, но сепак според извештаите од Русија тие оставиле многу добар впечаток со својата борбеност и квалитет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче