Новиот руски товарен вселенски брод ќе ја чини Русија 160 милијарди рубљи

Експертите ја сметаат оваа цена за многу ниска, прогнозирајќи зголемување на оваа цена како што ќе се реализира проектот.

На научно-техничкиот совет во Ракетно-космичката корпорација (РКК) „Енергија“, беа претставени техничко-економските параметри околу создавањето на нов пилотиран транспортен вселенски брод, , кој според плановите на Роскосмос, треба до 2020 година да ги замени сегашните „Сојузи“ кои летаат до Меѓународната вселенска станица.

Според комплексноста и големината на проектот, програмата за создавање на овој товарен вселенски модул е иста како и програмата „Енергија-Буран“, изјавува заменикот на генералниот конструктор на РКК „Енергија“, Александар Деречин.

Според зборовите на Деречин, од проектите во САД за создавање на нов товарен брод, според карактеристиките - најсличен е „Орион“ од Lockheed Martin. Сепак, разликите се големи: Орион се создава како меѓупланетарен брод, што значи дека не е предвиден за летови околу орбитата на Земјата. За ваквите мисии во НАСА планираат да го користат шатлот Dragon од SpaceX или CST-100, кој се произведува од Боинг.

„Според техничко-економските параметри, овој транспортен вселенски брод само за создавањето ќе повлече 100 милијарди рубљи“, кажува Деречин. Заедно со другите трошоци за создавање на помошна капсула за спасување, како и дополнителна заштита - крајната сума ќе изнесува 160 милијарди рубљи.

Треба да се спомне, дека оваа цена не ја вклучува цената за создавање на носачот - нова ракета од тешка класа, со која ќе се лансирањето. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња