Руските произведувачи во 2012 година достигнале апсолутен рекорд во производството на вињак. Според податоците на Росстат, во минатата година 45 руски фабрики произвеле 9,78 милиони децилитри од овој пијалак - тоа е најдобар резултат во современата историја на Русија. Тоа е повеќе дури и од количината на вињак која ја пијат во цела Европа. Меѓу причините за рекордниот раст - е стремежот да се создадат резерви пред зголемувањето на акцизата и модата да се подарува вињак.
После тешката 2011 година, кога производството на коњак во Русија падна за 10,2%, до 8,1 милиони децилитри. Додека производството на коњак паѓал, производството на вињак пораснало за 20,4%.
Сепак, според мислењето на директорот на агенцијата ЦИФРРА, Вадим Дробиз, дополнителен мотив за производството е и корупцијата во државата. „Коњакот во Русија традиционално се смета за алкохол кој се дава за подарок, појаснил Дробиз. Него често го купуваат за да се заблагодарат луѓето на докторите, чиновниците, наставниците за едни или други услуги. Растот на корупцијата на основно, секојдневно ниво и понатаму ќе го стимулира растот во тој сегмент“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче