Во Ермитаж е изложена точна копија на Големата императорска круна

Во Ермитаж за прв пат е изложена точна копија на Големата императорска круна, направена од мајсторите за јувелири во Смоленск.

Во Ермитаж за прв пат е изложена точна копија на Големата императорска круна, направена од мајсторите за јувелири во Смоленск.

Како што соопштува прес-службата на Ермитаж, круната ја правеле речиси 6 месеци повеќе од 60 мајстори. Круната е направена од бело злато и 11 илјади брилијанти со најдобри карактеристики. Спинелот во копијата е заменет со уникатен природен рубелит со маса од околу 400 карати.

Исто така, се соопштува дека создавањето на оваа реплика на Големата императорска круна од смоленските мајстори е направено по повод јубилејот – 250 години од крунисувањето на царицата Екатерина Втора – основач на Ермитаж.

Големата императорска круна на Руската империја – е главниот симбол на власта на руските монарси. Со неа се кинисувани сите императори, почнувајќи од Екатерина Втора Велика. Денеска Големата императорска круна се наоѓа во Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.