Русите ќе јадат повеќе месо и риба

Нова потрошувачка кошничка за граѓаните на Русија.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, ги утврди правилата за пресметка на големината на егзистенцијалниот минимум по глава на жител, и методите за определување на потрошувачката кошничка. Според препораките, се планира русите да јадат повеќе месо и риба.

„Зголемен е обемот на одредени продукти (месо и месни производи, риба, млеко и продукти од млеко, јајца, зеленчук и овошје). Истовремено, намален е обемот на житариците, компирот, маслото за јадење, маргаринот и други масни производи“, соопштено е на прес-службата на владата на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња