Дупчењето на ледот над езерото Восток ќе биде завршено на 5 февруари

Членовите на Руската антарктичка експедиција ќе ја продолжат работата со дупчењето на ледот на реликтното езеро Восток на Антарктикот до 5 февруари, кога работата на сезонската експедиција ќе бидат ставени во мирување до крајот на годината.

„На станицата Восток преку зимата ќе останат два експерта за дупчење, кои ќе ја надгледуваат состојбата на местото каде се врши дупчењето. Длабочината на дупката на 30 јануари достигна 3.505 метри“, речено е во соопштението на Антарктичкиот и арктичкиот научноистражувачки институт при Федералната служба за метеорологија на Руската Федерација.

Продолжувањето на сезонската работа на езерото Восток, кои беа започнати во првите денови од јануари, не е возможен поради вонредно тешките климатски услови на станицата и приближувањето на антарктичката зима. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.