Без спроведување на „нова индустријализација“, модернизацијата на економијата на иновациска основа, заедно со добро подготвени современи кадри - не може да се обезбеди современиот модел на развиток на државата и нејзино избавување од нафтената зависност. Ова го изјави за ИТАР-ТАСС шефот на Трговско-индустриската комора на Русија, Сергеј Катирин, коментирајќи ги заклучоците од вчерашното проширено заседание на владата на Руската Федерација, на кое беше зборувано за приоритетите на дејноста на Владата до 2018 година.
„Новата индустријализација“ воопшто не треба да ги поддржува неконкурентните претпријатија со стари и енергетски неефикасни технологии, забележа Катирин. Станува збор за премин кон технологија од шестото поколение - само тоа може да ја гарантира економската сила на државата“.
Според мислењето на Катирин, „новата индустријализација“ бара сериозни средства. Реконструкцијата на основната инфраструктура само кај преработувачката индустрија се пресметува дека ќе чини околу 600 милијарди долари. „Таквата задача може да биде решена само со заедничките сили на државата и приватниот капитал“, смета тој. Притоа, во индустрискиот сектор во државта ќе се појават нови 25 милиони работни места за специјалисти“.
Но денеска имаме ситуација, кога може да се појават 10 пати повеќе работни места, отколку работници кои ќе умеат да ги пополнат тие работни места. Затоа треба забрзано да се развиваат сите видови професионално образование, да се обезбеди зголемување на квалификациите на кадрите, и, безусловно, да се гарантира соодветна награда за работата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче