Владимир Путин во посета на Волгоград по повод јубилејот од Сталинградската битка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска ќе присуствува во Волгоград за време на одбележувањето на 70-годишнината од Победата во Сталинградската битка, соопшти прес-службата во Кремљ.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска ќе присуствува во Волгоград за време на одбележувањето на 70-годишнината од Победата во Сталинградската битка, соопшти прес-службата во Кремљ.

Во програмата на претседателот влегува посета на Државниот историско-меморијален музеј „Сталинградска битка“ на Мамаев курган, каде Путин со ветераните од Втората светска војна ќе положи венец. Шефот на државата ќе ги посети Воените меморијални гробишта.

Се планира Путин да зборува и во Дворецот на спортот за време на празничниот концерт кој се одржува по повод овој голем празник и јубилеј за Русија.

Според големината, должината, напрегнатоста и бројот на учесници во Сталинградската битка - тоа е една од најголемите битки во Втората светска војна. Таа траела 200 дена и ноќи. На Сталинградскиот фронт учествувале 14 фашистички дивизии, на кои им се спротивставиле 12 советски. Во оваа битка загинале околу 480.000 руски војници, а 500.000 биле ранети. Загубите на германската армија изнесувале околу 1,5 милиони - убиени, ранети, заробени и исчезнати. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња