Решението на Волгоградските власти за користење на името „град-херој Сталинград“ за време на празниците, ќе им помогне на русите да го зачуваат историското сеќавање за случките кои се случиле во Втората светска војна, сметаат анкетираните ветерани и експерти.
Претходно депутатите на Волгоградската градска дума, врз основа на многуте барања на учесниците во Втората светска војна, донесоа решение за користење на името „град-херој Сталинград“ за време на свечените активности околу датумот кога е направена пресвртницата во Втората светска војна. Тоа име ќе се користи на градските прослави, во извештаите за победата над германските војски во Сталинградската битка - 2 февруари, на 9 мај - Денот на Победата, 22 јуни - Ден на сеќавањето, 2 септември - Денот на завршување на Втората светска војна, 23 август - Ден на сеќавање на жртвите од бомбардирањето на Сталинград од германската авијација и 19 ноември - Ден на почетокот на повлекувањето на фашистичките војски под Сталинград.
Ветеранот од Втората светска војна, Борис Крижановски, смета дека Волгоград треба да се преименува во Сталинград.
„Јас би сакал тој секогаш да се вика Сталинград, бидејќи го заслужува тоа име“, изјави ветеранот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче