Министерството за одбрана на Руската Федерација планира во 2013 година да купи 7 хеликоптери AW-139. Цената на договорот изнесува околу 15 милиони евра. Англо-италијанските хеликоптери, кои се склопуваат по лиценца во Русија, ќе станат првите странски хеликоптери кои ќе бидат примени во вооружувањето на Русија.
Лесните хеликоптери, во кои влегува и AW-139, секогаш биле во СССР и Русија дефицитни. Во СССР монополот го имале само Ми-1, кој се произведувал од 1950 до 1965 година, и неговиот наследник Ми2, кој се наоѓал во сериско производство од 1965 до 1998 година. Притоа, основен произведувач на лесни хеликоптери во Советскиот Сојуз била Полска. После распадот на СССР и Варшавскиот пак, соработката со полската фабрика прекината, па во Русија започнале разработки за сопствен хеликоптер од таа класа.
Проектите како Ми-34, „Ансат“, Ка-60 – ги зближува едно – отсуство на современ руски мотор од лесна категорија. Како резултат на ова, ниту еден од овие варијанти не почна да се произведува во Русија.
Првите хеликоптери AW-139 во војската на Русија ќе се употребуваат за превоз на командниот состав на армијата. Но теоретската сфера на употреба на овие хеликоптери е далеку поголема – пренос на лесен товар, превоз на специјалните групи од армијата, санитарни и спасувачки мисии и т.н. Сево ова сега се врши од Ми-8, кој стана во руската воена авијација „хеликоптер за сè“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче