Паметниот транспортен систем во Москва ќе проработи кон крајот на годината

Паметниот транспортен систем ќе проработи во Москва кон крајот на 2013 година.

Паметниот транспортен систем ќе проработи во Москва кон крајот на 2013 година, изјави во средата заменикот раководител на службата за организација на патното движење во московскиот Центар за организација на патното движење, Александар Скороделов.

Во рамките на борбата со сообраќајните гужви, во Москва ќе се создаде паметен транспортен систем, кој ќе дозволи да се води мониторинг на патното движење и да се управува со работата на сите видови транспорт. Се планираше кон крајот на 2012 година овој систем да биде 60% завршен. 

„Сега се извршуваат подготовки за втората етапа. Кон крајот на 2013 година паметниот транспортен систем треба да проработи целосно. Сега се инсталирани 2,5 апарати кои го фиксираат движењето во градот, и тоа е реална помош во регулирањето на работата на семафорите и транспортните потоци“, изјави Скороделов.

Тој додаде дека се развива и систем на видеонабљудување на нарушувањата, а до крајот на годината бројот на камери суштествено ќе се зголеми. Освен тоа, ќе се воведе систем кој го фиксира поминувањето на автомобил на црвено светло на семафорите.

Една од главните задачи на градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, стана борбата со сообраќајниот метеж во Москва. Исто така, градоначалникот постави за задача да се забрза изградбата на метрото и да се изградбата повеќе од 70 километри линии до 2015 година.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња