Лавров: Русија е против менувањето на границите во Европа, конкретно, на Балканот

Русија е против менување на границите во Европа, конкретно, на Балканот. Ова денес го изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, за време на состанокот со својот македонски колега, Никола Попоски.

„Ние сме против менување на границите во Европа“, изјави рускиот министер. Сите мораат да ги почитуваат принципите на Хелсиншката повелба. Ова се однесува на ситуацијата на Балканот“.

Лавров потсети дека на Балканот се има пролеано многу крв. „Никој не сака повторување на таквото сценарио“, подвлече тој.

„Руската страна е разочарана од тоа како западните партнери реагираа на вандализмот врз српските споменици во Косово“, додаде министерот. Ова е опасна тенденција“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња