Одлуката за купување од Франција на бродовите од типот „Мистрал“ е „бесмислена“ и ќе нанесе штета на бродоградителството и на државата. Ова мислење го изнесе првиот заменик на Воено-индустриската комисија при владата на Русија, Иван Харченко.
Договорот во вредност од 1,2 милијарди евра за изградба на два француски носачи на хеликоптери „Мистрал“ за Воено-морските сили на Русија беше потпишан уште во 2011 година. Првиот брод ќе стапи во руската флота во 2014 година.
„Ние расправавме за бесмисленоста на ова решение. Ова е иницијатива на поранешниот министер за одбрана, Анатолиј Сердјуков. Ова не е единствена штета, која тој ја има нанесено на секторот и на државата“, рече Харченко.
Во врска со ова, тој потврди дека решението за изградба на трет и четврт брод од таа класа во Русија е одложена за 2016 година. Тој нагласи дека првите два брода ќе треба да се довршат и да се одреди нивната функционалност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче