Во Русија вчера се одбележа Денот на студентите

Околу седум милиони студенти во Русија вчера го прославија Денот на Татјана.

Околу седум милиони студенти во Русија вчера го прославија Денот на Татјана. Историјата на овој празник е тесно поврзана со Московскиот државен универзитет - 25 јануари 1755 година, на денот на светата маченичка Татјана, кога царицата Елисавета го потпишала указот за основање првата високообразовна установа во Русија. Студентскиот празник во 2005-та година е официјализиран на државно ниво - претседателот на Русија потпиша указ, со кој 25 јануари официјално се прогласува за Ден на студентот во Русија. Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, им го честиташе на сите студенти на Русија овој празник и им посака „многу здравје, оптимизам и, секако, упорност во достигнувањето на поставените цели“. Медведев изјави дека „студентските години многу бргу пролетуваат“ и дека е „важно да се сконцентрираат на стекнувањето знаење и компетентност“.

Денес во системот на високото професионално образование во Руската Федерација постојат околу 1100 високообразовни установи, од кои 605 државни и 446 приватни. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.