Прекрасно парче руска технологија - 3D транспарентен екран направен од магла и светлина

Најнов технолошки изум - екран без класичен екран.

Максим Каманин, директор на Displair, ја добил идејата правејќи екран со слики проектирани во воздухот преку пара од вода во 2010 година, кога привршувал со своите студии на Астраханскиот државен технички универзитет. Студирајќи физички теории, Максим бил убеден дека технологијата која е потребна за да се реализира овој проект во пракса веќе постои.

Тој го направил првиот функционален модел за само неколку недели со помошта на неговиот татко и брат, и го однел на летниот младински форум во 2010 на Селигер, кој се наоѓа недалеку од Москва. Првиот Displair бил комбинација на проектор и екран кој дозволувал слики да бидат прикажани од компјутер.

Каманин наскоро побарал помош од неколку пријатели, со кои работел упорно да го произведат првиот прототип на екранот во 2011 година. Овој екран имал multi-touch возможност за контролирање на сликата користејќи ги рацете. Системот може да регистрира 1,500 допири, на кои реагира за помалку од 0,2 секунди, правејќи ја возможна опцијата неограничен број на корисници да управуваат со системот.

„Веднаш откако TechCrunch и Mashable напишаа за овој руски проект, нашето електронско сандаче експлодираше“, кажува Андреј Мелников, оперативен директор во компанијата. „Ние бевме претрупани со писма од инвеститори и луѓе кои сакаат да дознаат кога овој производ ќе биде достапен“.

Компанијата од тогаш добила преку 1 милион долари во инвестиции, со кои планира да вработи 50 и повеќе луѓе за развој и маркетинг. Самсунг и LG веќе се заинтересирале за ова, но руските млади научници и разработувачи на овој проект не се брзаат да го предадат некому својот продукт и бизнис.

Уредот создава слика од 30 инчи со квалитет доволен за да се чита текст, и тежи само 10-на килограми.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња