НОВАТЕК може да го сруши монополот на „Гаспром“

Владата на Руската Федерација изјави дека е возможно давање на дозвола за извоз на гас на независни производители.

Владата на Руската Федерација изјави дека е возможно давање на дозвола за извоз на гас на независни производители. Оваа позиција на Светскиот економски форум ја изнесе премиерот на Русија, Дмитриј Медведев. Експертите се уверени дека во случај НОВАТЕК да добие дозвола за работа на странските пазари, побарувачката за рускиот гас ќе порасне.

Укинувањето на монополот за извоз на „Гаспром“ е потенцијално можно, „бидејќи сега кај нас постојат независни доставувачи на гас, и затоа ние не треба да губиме пари“, изјави Дмитриј Медведев. „Тоа е најважното. Парите - потоа. Сѐ останато - се само разговори“, подвлече премиерот на Русија. Според неговите зборови, пред да се дозволи на НОВАТЕК и на другите производители на енергенси да излезат на пазарите во странство, треба детално да се разгледаат сите можни последици.

Во „Гаспром“ не се согласни со можноста за диверзификација на доставувачите на енергенси на странските пазари. „Ние сметаме дека постоечката шема е оправдана и ефективна“, изјави за РБК официјалниот претставник од „Гаспром“, Сергеј Купријанов.

Давањето на НОВАТЕК право за самостоен извоз на гас ќе ја зголеми побарувачката на рускиот гас, забележува Виталиј Крјуков од „Капитал“. Според неговите зборови, европејците не се против купување на руски гас - но сакаат избор на доставувачи и укинување на монополот на „Гаспром“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња