Русија поддржа санкции против Северна Кореја, но сака да учествува во нивното дефинирање

Русија во Советот за Безбедност при ООН ги поддржа проширените санкции против Северна Кореја.

Русија во Советот за Безбедност при ООН ги поддржа проширените санкции против Северна Кореја, но ќе настојува на нивна детално дефинирање. Ова го изјави постојаниот претставник на Русија во светската организација, Виталиј Чуркин.

Во врска со прифаќањето на резолуцијата, дипломатот потсети за принципиелната позиција на Русија, според која „мерките на економско санкционирање, кои се воведуваат од СБ на ООН, треба детално да се обработат, заедно со користење на механизмите на соодветните комитети, за да можат не само членките на СВ, туку и сите заинтересирани страни да имаат јасна претстава за последиците за национално-економските интереси“.

Советот за Безбедност на 22 јануари едногласно ја прифати резолуцијата со која се осудува лансирањето на ракетата со сателит на 12 декември. Документот го проширува списокот санкции со организации и лица во Северна Кореја кои имаат улога во лансирањето на ракетата. Дипломатите го забележуваат компромисниот карактер на резолуцијата. Осудувајќи го лансирањето, документот истовремено не содржи нови санкции против Пјонгјанг, туку само ги проширува веќе постоечките мерки.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња