Ако 2013 година биде испуштена, Русија нема да го исполни ветувањето на Путин за влегување меѓу 20-те држави со најдобра деловна клима

Русија сака да ја подобри својата претприемачка атмосфера.

Во указот „За долгорочната државна економска политика“, потпишан од Путин на 7 мај, на владата и се доверува задачата „да се преземат мерки кои ќе бидат насочени кон зголемување на позицијата на Руската Федерација во рејтингот на Светската банка околу условите за водење бизнис од 120-то место во 2011, на 50-то во 2015, и до 20-то место во 2018 година. Русија во 2014 планира да се качи од 112 на 81-то место, но, за да се оствари тоа, треба оваа година да се донесе посебна легислатива која ќе го овозможи тоа. За жал, сѐ уште не се донесени закони кои се насочени кон зголемување на претприемачката клима.

Досега Думата беше зафатена со други задачи, како што е регулирањето на Интернет, одговорот на законот „Магнитски“ и др. Доколку наредбата 2096-р не биде спроведена годинава, не може да се очекува дека ќе се создадат навреме услови за зголемување на претприемачката атмосфера. во Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња