Пентагон одбива соработка со Москва за борба против ИД

Американското Министерство за одбрана изјави дека ќе разменува информации за „Исламската држава“ со Русија единствено откако Москва ќе ја смени својата позиција за политичката иднина на Асад.

Без оглед на подготвеноста на Русија да разменува информации за ИД, Пентагон нема намера да соработува за Сирија, сѐ додека Москва не ја промени својата позиција во однос на Асад, изјави за агеницијата „Спутник“ во петокот портпаролот на Министерството за одбрана на САД Мишел Балданза, пренесува РИА „Новости“.  

Началникот на Главната оперативна управа на рускиот Генералштаб генерал-потполковник Сергеј Рудској изјави во петокот дека Русија е подготвена да споделува информации за објекти на терористите од ИД во Сирија со коалицијата предводена од САД и дека го очекува истото.

„Позицијата на министерството за одбрана не е променета. Ние немаме намера да соработуваме со Сирија сѐ додека Москва не ја промени својата стратегија за поддршка на Асад и место тоа не се фокусира на ИД“, изјави портпаролот.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња