За обнова на белите дробови добро е да се пеат народни песни, изјави за РИА „Новости“ раководителот на одделот за клинички истражувања на Централниот научноистражувачки институт за епидемиологија на „Роспотребнадзор“ Хадижат Омарова.
Според неа, особено е важно пациентите кои прележале коронавирус да се вратат на својот режим на сон и будност. Покрај тоа, по вирусот, луѓето честопати се соочуваат со хиподинамика, бидејќи многу од нив за време на КОВИД-19 практично не се движат поради слабост, а потоа, без целосно закрепнување, тргнуваат на работа и седат пред компјутери цел ден. Затоа, задолжително мора да има физичка активност и да биде редовна, со бавно и постепено зголемување на оптовареноста, објасни Омарова.
Според неа, за обновување на белите дробови е многу корисно да се пеат народни песни на свеж воздух и треба да се изведуваат не многу гласно и со удобен тоналитет.
„Текот на постковидниот синдром е различен кај секого, така што не постои универзален метод на лекување. Се разбира, пожелно е програмата за рехабилитација да биде избрана поединечно, со навремено обраќање до специјалисти“, потенцира експертот.
Прочитајте повеќе: Како се смени животот на граѓаните на Русија за една година од пандемијата