QR-кодови за влез на странци во кафулиња и вакцинација на трудови мигранти во Москва–што се случува?

Виталиј Белоусов/Sputnik
Од 28 јуни, поради воведувањето ограничувања како резултат на зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот, во московските кафулиња и ресторани можат да влезат само руски граѓани и странци кои имаат специјални QR-кодови. Во Москва започна и вакцинација на трудови мигранти. Објаснуваме како се добива QR-код, како можете да се пријавите за вакцинација и што да правите ако системот не функционира.

Што е тоа QR-код и како да го набавите? 

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин воведе обврска за сите угостителски објекти, вклучувајќи ги кафулињата, рестораните, баровите и караоке-клубовите од 28 јуни 2021 година да ги примаат само оние граѓани кои биле вакцинирани, прележале Ковид-19 во последните шест месеци или имаат негативен ПЦР-тест кој важи 3 дена. Правилото не се однесува на летните бавчи, како ни за нарачување храна и пијалаци „за носење“.

Лицата кои прележале коронавирус или ги примиле двете компоненти на руските вакцини „Спутник V“, „ЕпиВакКорона“, „Ковивак“ или еднокомпонентната „Спутник Лајт“ (странските вакцини не се одобрени во Русија) можат да добијат индивидуален QR-код кој заедно со личната карта ќе треба да го покажат при влегување во угостителски објект.
Оние кои не го прележале вирусот и не се вакцинирани, исто така можат да добијат QR-код под услов да направат ПЦР-тест во една од лабораториите во рамките на систем за медицинска заштита на Русија ЕМИАС (списокот со лаборатории на мапата на Москва можете да го погледнете овде).

За да добиете QR-код треба да пополните специјален формулар на порталот mos.ru. Во него се бара да ги наведете вашето име и презиме, датумот на раѓање, бројот на мобилниот телефон, серијата и бројот на пасошот на вашата земја, како и бројот на работната дозвола во Русија. Откако ќе го пополните формуларот, системот ви издава QR-код. За оние кои ја прележале инфекцијата, тој ќе важи шест месеци од оздравувањето, за вакцинираните ќе важи една година од примањето на втората доза од вакцината, а за оние кои имаат негативен ПЦР-тест 72 часа од моментот на внесување на резултатите од тестот во базата на лабораторијата.

Странците по втората доза од вакцината ќе добиваат и лист хартија наречен „дигитален сертификат“ на кој е прикажан QR-код кој може да се користи и за влез во угостителски објекти, пишува „Коммерсантˮ.

Не можам да добијам QR-код, што да правам? 

Весникот „Комерсант“ пишуваше дека дел странски државјани, вклучително и дипломати, не можат да добијат QR-код, бидејќи многумина во нивната земја примале странски вакцини кои не се важечки во Русија. Исто така, од странците во руските државни клиники бараа да покажат Индивидуален број на осигурителната сметка (СНИЛС), кој многу странски државјани го немаат.

Зимата и пролетта 2021 година странските граѓани беа вакцинирани на влезовите во трговските центри во Москва, но денес таму им се бара и пасош на државјанин на Русија или СНИЛС.

Единствена опција за нив е да направат ПЦР-тест пред секое одење во ресторан. Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи на Русија засега не ја коментираат оваа ситуација.

На 24 јуни 2021 година оперативниот штаб за контрола и мониторинг на ситуацијата со коронавирусот во Москва соопшти дека во Русија ќе биде воведена вакцинација со плаќање за странци, но точни датуми не беа наведени. Според нив, сè зависи од „кога руската влада ќе донесе одлука“.

Дали тоа значи дека странците воопшто не можат да се вакцинираат во Русија?

Не баш. Од 29 јуни во Москва и Московската област профункционираа два пункта за вакцинација за трудови мигранти. Едниот се наоѓа во Миграцискиот центар во Сахаров (50 км од Москва), а другиот на територијата на пазарот „Садовод“. Пунктот во Сахаров работи од 9:00 до 21:00 часот, а на „Садовод“ од 8:00 до 20:00 часот. Секој пункт може да прими максимум 2000 луѓе на ден.

На пунктовите за мигранти се добива само еднокомпонентната вакцина „Спутник Лајт“.

„Пред сé, ние, се разбира, треба да им ја обезбедиме на руските граѓани „Спутник V“, како второ, мигрантите имаат мошне динамичен потенцијал да се движат преку граница, меѓу заедниците, во регионите и така натаму, па затоа е тешко да се обезбеди нормален циклус на вакцинација. „Спутник Лајт“ дава моментален ефект и оние на кои им е тоа потребно мошне брзо се вакцинираат“, ја објасни градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин причината зошто изборот падна на еднокомпонентна вакцина.
Според зборовите на градоначалникот, во првите десет дена на пунктовите пробно ќе бидат вакцинирани мигранти врз основа на пријавите на работодавачите. Вакцинацијата на секој вработен ќе ги чини работодавците околу 1300 рубли (околу 18 долари).

„Штом ќе се воспостави механизмот за шпионирање, можноста за вакцинација ќе се прошири и на други групи странци, вклучително и на самовработените“, додаде градоначалникот.

„Понатаму можноста за вакцинација ќе биде проширена и врз други групи странци, вклучувајќи ги и самовработените лица“, додаде градоначалникот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња