Првите денови од март жителите на Анапа беа сведоци на необична глетка. Пајажина ги покри дрвјата и џбуновите, автомобилите, клупите и другите површини. Особено многу пајажина имаше во селото Анапска и микрореонот Алексеевски.
„Во Анапа се случи нешто апсурдно. Сé е покриено со пајажина: автомобилите, џбуновите, сé е потполно бело“, вели на видеоснимката жителка на овој град.
Стручњаците велат дека во устоената вода по топењето на снегот се излегле мноштво пајакови јајца и дека тоа е ретка ситуација, но во градот нема да се воведува карантин.