Сé е поради карантинот: Рускиот град Јарослављ го освоија шумски диви животни (ВИДЕО)

Виктор Лисицин/Global Look Press
Во последно време во Јарослављ луѓето често гледаат мечки, лосови, лисици и дабари. Причината лежи во тоа што улиците опустеа и шумските соседи дојдоа да ги освојуваат градските простори.

На 17 мај жителите на Јарослављ беа шокирани кога здогледаа како по трамвајските шини јури симболот на градот – кафена мечка. Ја сними еден жител на градот кој оттаму помина со кола. Како што се гледа на снимката, животното беше релативно мало. Веројатно се работи за млада единка стара две или три години.  

Малку подоцна на интернет се појави и втора снимка на која истата таа мечка напаѓа човек. За среќа таму поминаа таксисти кои ја избркаа, а повредениот човек го однесоа во болница.

Младичот имаше среќа. Ѕверот не успеа да му нанесе сериозни повреди и, што е уште поважно, не беше заразен од беснило. А за мечката градската авантура имаше трагичен крај: набрзо ја пронајдоа и убија локалните ловочувари.

Лосовите, за жал, често гинат во градска средина на која не се навикнати. Многу корисници на социјалните мрежи сега бараат опасните огради да се отстранат.

А на улица недалеку од шумата е забележана лисица со три млади.

Во близина на речното пристаниште жителите на градот забележаа дабар. Тој очигледно се изгубил и поради тоа беше вознемирен.

Ваквата наезда на диви животни носи голем број опасности како за локалното население, така и за самите животни. Затоа границите на шумските масиви сега ги чуваат патроли локални ловочувари кои ги растеруваат животните со помош на звучни ефекти.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња