Летечка епидемија од 9 см: Наезда на американски лебарки на Сочи!

Hans Lang/imageBROKER.com/Global Look Press

Американската лебарка (Periplaneta americana) има должина на телото од 5 см, а заедно со мустаќите достигнува 9 см. Нејзината боја е црвеникаво-кафена, одличен е летач и потекнува од тропска Африка, но на почетокот на 18 век стигна во Северна Америка и во науката остана позната како американска.

Оваа лебарка дури подоцна се појави во Европа, додека сега ја има низ целиот свет. Во посеверните предели живее во затворено, а во топлите области како Сочи живее како во куќи, така и во природната средина (предност им дава на гнилите стебла). Инаку, во Кина тинктурата од американски лебарки се користи како лек за рани, а во Виетнам ги пржат и ги јадат.

Како и да е, овие лебарки некој ги пренел во Сочи во големи количини или случајно или можеби нивното појавување може да се објасни со тоа што ги одгледуваат како храна за влекачи во терариуми. Со други зборови, можеби таа храна некако се ослободила и сега на големо се размножува во познатото руско одморалиште на Црното Море. Во секој случај, американските лебарки имаат сѐ поголеми шанси да се одомаќинат на брегот на Црното Море, сметаат стручњаците.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња