На рускиот полуостров Јамал регистрирано најголемото познато легало на моржеви

Скриншот / instagram @artyukhov_da
На брегот на Карското море е регистрирано најголемото меѓу стручњаците познато копнено легало на моржеви. Токму тука годинава допливаа меѓу три и пет илјади. Недвосмислено е дека моржевите знаат што е плажа и дека кај нас дефинитивно им се допаднало.

Научниците на Арктичкиот научно-истражувачки стационар на Институтот за проучување растенија и животни на Уралското одделение на Руската академија на науки го пронајдоа најголемото досега познато копнено легало на моржеви. Ова на својот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ го напиша губернаторот на Јамало-ненецкиот автономен округ Дмитриј Артјухов.

„Нашите научници штотуку се вратија од експедиција од ‘ртот Тиутеј Сале, во превод ‘Ртот на моржеви. Токму тука допливаа годинава меѓу три и пет илјади моржеви. На брегот на Карското море е регистрирано најголемото меѓу стручњаците познато копнено легало на моржеви“, напиша тој.

Како што истакна губернаторот, минатата година на Јамал имало многу помалку моржеви, околу илјада. На објавените снимки се гледа дека моржевите го зазеле целиот брег на ‘ртот.

„Недвосмислено е дека моржевите знаат што е плажа и дека кај нас дефинитивно им се допаднало“, додаде Артјухов.

На некои животни им се поставени сензори со чија помош научниците ќе се запознаат со рутите на нивното движење. Тоа ќе помогне да се разјасни зошто моржевите во толку голем број дошле на брегот.

Пред година дена беше регистрирана наезда од моржеви на Јамалскиот полуостров. Иако ги имаше многу помалку, овој феномен предизвика голем интерес во научните кругови, бидејќи легало на брегот на Карското море е нетипично за овие животни.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња